Турнири

Финале: Бинај и Кафе Бар Лавадо ќе се борат за шампионскиот пехар во Лабуништа

Сподели
Сподели

Со одигрувањето на двете полуфинални средби вечерва, Меморијалниот турнир во мал фудбал во Лабуништа влезе во својата последна, највозбудлива етапа – финалето. Љубителите на спортот присуствуваа на квалитетни натпревари, со многу борба, страст и одлична атмосфера.

Во првото полуфинале, Бинај го шокираше фаворитот Бербер Шоп Мухаммед и славеше со 2:0. Тимот на Бинај одигра тактички совршен натпревар, ги неутрализираше најсилните оружја на противникот и со сигурна игра стигна до големото финале. Бинај е вистинската приказна на турнирот – од група до борба за злато.

Во вториот натпревар, Кафе Бар Лавадо уште еднаш блесна кога беше најпотребно и ја совлада Златара Бени Ерол со 5:1. Тимот одигра сигурно, дисциплинирано и на моменти доминантно. Со оваа победа, Лавадо потврди дека е најконзистентната екипа на турнирот и сосема заслужено ќе игра за трофејот.

🏆 Финална вечер – распоред за понеделник, 30.06.2025
📍 Спортска сала во Лабуништа

21:00 часот
⚔ Натпревар за 3. место:
Бербер Шоп Мухаммед 🆚 Златара Бени Ерол

22:30 часот
🏆 Големо финале:
Бинај 🆚 Кафе Бар Лавадо


Се очекува вистински спектакл на теренот, со полни трибини и спортска еуфорија, достојна за финалето на турнирот кој се игра во чест на Башким Салкоски, Шериф Сефиданоски и Беким Бајрамоски, под организација на Шабан Кормакоски.

💰 Награден фонд:

🥇 Прво место – 2.000 евра

🥈 Второ место – 700 евра

🥉 Трето место – 300 евра

Спортска Мрежа, како медиумски покровител, ќе го покрие целосно големото финале со извештај, фотографии и изјави. Останете со нас и за последната вечер – македонскиот спорт на едно место!


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!