Прва лигаФудбал

Прволигашот Шкупи се засили со Ринор Ајдини

Сподели
ФОТО: ФК Шкупи
Сподели

Прволигашот Шкупи го промовираше Ринор Ајдини како ново засилување, со кое се засили во средината. 24-годишниот играч за врска доаѓа од редовите на Гостивар.

Ајдини носи стабилност и ќе биде освежување во редовите на прволигашот од Чаир за новата сезона.

„Со задоволство ви го претставуваме најновото засилување на нашиот тим — Ринор Ајдини е официјално нов член на ФК Шкупи! Со својата посветеност, квалитет и борбеност, Ринор носи стабилност и нова енергија во нашите редови. Очекуваме да биде клучен дел од нашата мисија во сезоната што следува. Семејството на сино-белите расте и се зајакнува секојдневно. Со играчи како Ринор, иднината е полна со надеж“, велат од клубот.

Во својата кариера Ајдини покрај за Гостивар има настапувано и за Работнички, Кадино, Тетекс и хрватски Драговољац. Новото засилување на Шкупи минатата сезона одигра 21 натпревар во првенството постигнувајќи еден гол, а забележа и една асистенција, додека пак во Купот одигра три натпревари, а постигна и еден гол.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!