Ракометниот клуб Прилеп активно се подготвува за новата натпреварувачка сезона, а првиот значаен чекор во екипирањето доаѓа од клупата – Наум Танески е новиот стратег на прилепчани.
Клубот го објави ангажманот на поранешниот тренер на РК Струга и актуелен селектор на младинската репрезентација на Македонија, кој во изминатата сезона успеа да го задржи тимот од Струга во ракометната Суперлига. Сега, Танески ќе се соочи со нов предизвик – да го подигне квалитетот и амбициите на Прилеп.
Клубот преку официјално соопштение го потврди неговото доаѓање, нагласувајќи дека се работи за стратег со јасна визија и голема желба за успех. Очекувањата се дека со неговото искуство, но и со дополнителни засилувања во играчкиот кадар, Прилеп ќе биде конкурентен и подготвен за новата сезона.