Екипата на Силекс ги продолжува подготовките во Банско, Бугарија каде ја одработува главната фаза за новата сезона во Првата лига, но и за тоа што ќе следува во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.
Во првото квалификациско коло екипата на Силекс ќе се соочи со Дечиќ од Црна Гора, првиот меч ќе се игра во гости, а реваншот е дома, во Скопје.
Веќе утре, во рамки на подготовките во Бугарија, Силекс ќе ја проверува формата со Малишева од Косово, натпреварот ќе започне во 16 часот.