Останато

Успешно реализиран Балканскиот шампионат во одбојка на песок У22: Турците доминираа, Романките со нова титула!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Балканскиот шампионат во одбојка на песок до 22 години (У22), кој изминативе денови се одржа во Тетово, донесе врвна спортска атмосфера и спектакуларни натпревари, заокружени со апсолутна доминација на турските репрезентативци и убедлив триумф на романската женска двојка.

Во машкото финале се соочија двата најдобри турски пара, при што Сачит и Џан од составот Турција 1 со 2:0 ги совладаа своите сонародници Туна и Бариш, обезбедувајќи златен медал во убедлив стил.

Женското финале донесе реприза на минатогодишниот успех за романската двојка Хододи/Миу, која повторно ја потврди својата класа. Со сигурна игра и резултат 2:0, тие беа подобри од турскиот пар Су и Доџа и по вторпат по ред станаа шампионки во оваа возрасна категорија.

За бронзата се бореа молдавските претставници. Во машката конкуренција, Пламадеала и Усатов по неизвесен дуел во три сета со 2:1 ги победија сонародниците Зуев и Дидорчиуц. Кај дамите, бронзениот медал отиде кај молдавската двојка Усатова и Ставер, кои со 2:0 славеа над турскиот пар Доган/Јилдирим.

Иако финалните мечеви беа одложени за еден час поради невреме, возбудувањата не изостанаа. Тетово, за првпат во својата историја домаќин на еден ваков балкански шампионат, се претстави во најдобро можно светло. Одличната организација, преполните трибини и енергијата на публиката го претворија градскиот плоштад во вистинска арена за летна спортска магија.

Одбојкарската федерација на Македонија доби пофалби за успешната техничка реализација на натпреварите, со што Тетово уште еднаш покажа дека може да биде домаќин на спортски настани од висок ранг.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!