Продолжуваат возбудувањата, убедливите победи и многу погодоци на турнирот во мал фубдал „Петровден 2025“ во Мешеипта за уште една одлична фудбалска атмосфера. Се води беспоштедна битка за пласман во елиминациите, а екипите влегуваат во завршница со максимална концентрација.
Мексимо во голеада го совлада БЗ Груп Струга со резултат 3:4, носејќи три златни бода. Компани Стојкоски доби службена победа од 3:0 против Фурна Настоски и Форт Кафе. Гранит Х продолжи со фуриозна игра, овојпат со 9:3 над Ночелино – уште една доминантна партија. Во последниот меч, Др. Баткоски беше посилен од Типлери и славеше со 2:5
Секоја победа веќе значи многу – групите се заоструваат, а вечерашните натпревари беа клучни за неколку тимови во трка за пласман.

- Распоред за петок, 27 јуни:
20:00 | Том Гор – Блу Фиш
21:00 | АСП Пак – Ескобар Волино
22:00 | Кафе Бар 9 – Виена Комерц
23:00 | Пекара Илинче – Кампинг Љубаништа
Очекуваме уште една вечер полна со неизвесност, голови и силна публика. Турнирот „Петровден 2025“ со секој натпревар го зацврстува статусот на најатрактивниот фудбалски настан во регионот.
Спортска Мрежа продолжува со целосна медиумска поддршка – следете ги резултатите, галериите и атмосферата директно од срцето на Мешеишта!