Турнири

(ВИДЕО) Ќе биде „пеколно“ финале: Фенербахче против Роденденски Пињати во битка за пехарот на „Црнилиште Куп 2025“

Сподели
Сподели

Вечерва беа одиграни полуфиналните натпревари на „Црнилиште Куп 2025“, со што се познати екипи кои ќе одат на мегдан по пехарот во големото финале кое се игра утре.

Фенербахче на мегдан со Роденденскика Пињати во финалната битка кој да го освои овогодинешното издание на „Црнилиште Куп 2025“.

Во првиот полуфинале меч во регуларниот дел беа постигнати четири погодоци, за реми на Озан Ајаз и Роденденски Пињати од 2:2, а победникот се бараше во пенал серијата каде екипата на Роденденски Пињати беше подобра со 2:3 и се чекираше во големото финале.

Во вториот полуфинале меч публиката проследи меч со шест погодоци, каде екипата на Фенербахче со 1:5 покажа моќ и го декласираше составот на Zgjimi Kompani, со што екипата на Фенербахче најавува дека ќе влезе како фаворит во големото финале.

Публиката проследи два атрактивни натпревари, Црнилиште живее за фудбалот, секоја вечер се полни трибината, на која не ги собира сите гледачи, се бара место околу целиот терен да се проследи одличен фудбал.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!