Суперлигашот Куманово претстави уште едно ново засилување за новата сезона, станува збор за Ацо Стојков, кој игра на позицијата десно крило и доаѓа од редовите на Струга.
Новото засилување со Куманово стави потпис на една година со можност истиот да биде продолжен на уште една година.
Стојков е висок 179 сантиметри, а во својата кариера настапуваше за Голден Арт, Мулти Есенс, Алкалоид и последно во Струга.
Претходно, Куманово го назначи Аце Станковски за нов тренер, го промовираше Виктор Трифуновски, а ја продолжи соработката со Христијан Крстаноски.