Трета лигаФудбал

Слога Виница ја надигра Брегалница во Делчево, Ударник со висок триумф во Берово, реми во Свети Николе!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Во рамки на 3. коло од Трета лига – Исток се одигра големото мега регионално дерби во Делчево каде Брегалница се соочи со Слога од Виница во меч каде гостинот од Виница забележа убедлива победа од 0:3 и лесно прокнижи три бодови. Наместо дерби лесна победа за гостинот, кој потврдува уште еднаш зошто е прв фаворит за првото место и баражот за Втора лига.

Воинов по само една минута игра погоди за 0:1 и рано водство на Слога, а во 33. минута Ристовски постигна гол за 0:2 на полувреме. Во вториот дел притисокот беше кај Брегалница Делчево, која бркаше два гола негатива, но Амедов во 63. минута постигна гол за 0:3, а воедно и го постави конечните резултат.

Карбинци на домашен терен се соочи со екипата на Хоризонт Турново, каде епилогот беше поделба на бодовите откако двете екипи ремизираа играјќи 1:1. По мирните мрежи во првиот дел, во второто полувреме Велинов постигна гол за 1:0 и водство на домашниот тим во 63. минута, а гостинот преку Черкезов во 75. минута дојде до конечните 1:1.

Овче Поле на домашен терен играше со Дојранско Езеро каде ремизираше откако одигра 1:1. Гостинот од Дојран преку Илиев дојде до водство од 0:1 во 23. минута, а пак Стојановски во 37. минута постигна гол за конечни 1:1.

Тиверија во Струмица го пречека новиот третолигашот Светлост од Зрновци, каде струмичани со 4:0 го декласираа противникот. Васко Трајков во 17. минута погоди за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Шилинов со два погодоци зголеми на 3:0, а пак Никола Трајков во 84. минута ги постави конечните 4:0.

Во Берово се соочија Малеш и Ударник од пирава во дуел за прв сезонски триумф каде гостинот од Пирава запиша убедлива победа од 0:3 среде Берово. Павлов погоди за 0:1, а пак Спасиќ за 0:2 на полувреме. Во судиското надополнување на мечот Спасиќ со втор гол ги постави конечните 0:3.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!