Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Билјанини Извори носи искусно засилување: Промовирана Јана Ацковска во дресот на охридскиот клуб!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

ЖФК Билјанини Извори продолжува со екипирање за новата сезона во Втората женска фудбалска лига во која клубот од Охрид ќе цели кон освојување на првото место и конечно враќање во Првата женска фудбалска лига.

Поранешниот шампион на Македонија го претстави второто засилување се работи за искусната Јана Ацковска, која доаѓа од редовите на второлигашот Слободен од Скопје.

24-годишната фудбалерка кариерата ја започна во Скопје, потоа беше дел од Истатов, па се врати одново во Скопје, по што продолжи во велешки Борец, а потоа кариерата ја продолжи во Слободен, кој годинава како дебитант настапи во Втората женска фудбалска лига.

„Веруваме дека нејзиното присуство ќе донесе дополнителна цврстина во играта и позитивна атмосфера. Заедно сме посилни – чекор по чекор, кон нови победи“, велат од ЖФК Билјанини Извори по промоцијата на Ацковска.

Ацковска е четирикратен државен првак, но потоа следуваше повреда на лигаментите, по што се приклучи на ЖФК Слободен и за овој клуб ги одигра сите натпревари и беше вистински лидер во тимот и своето искуство го пренесуваше на младите фудбалерки.

“Многу ми беше мило што играв за екипа како ЖФК Слободен Скопје, ние повторно ќе се дружиме, но јас имам ретка шанса повторно да се вратам и да играм на професионално ниво. Сите од тимот и тренерот Ангел, сите бевте супер коректни со мене. Играчите на ЖФК Слободен се млади и на повеќето ова им беше прва сезона, и ние сигурно ќе играме пак заедно во годините кои доаѓаат”, рече Ацковска за клупската страна на ЖФК Слободен по нејзиното заминување.

Во следниот период ЖФК Билјанини Извори ќе престави уште неколку нови засилувања со кои ќе го подига квалитетот во своите редовите за остварување на својата цел во следната сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!