Ракомет

ЖРК Чаир го гради тимот за следната сезона – промовирани неколку засилувања!

Сподели
ФОТО: WHC ÇAIR
Сподели

Женскиот ракометен клуб Чаир кој загуби во финалето од Купот на Македонија го гради ростерот за новата сезона.

ЖРК Чаир ја врати Марија Николовска, која минатата сезона настапуваше во АЕК Атина, а пак на домашната сцена настапуваше и за Вардар, Ѓорче Петров и Спартак, а неколку пати учествуваше на подготовките во сениорската репрезентација.

Екипата промовираше и странско засилување се работи за Исабела Де Хесус Клементе Фереира од Бразил, која во Чаир доаѓа од португалски Алавериум.

Во својата кариера искусната Бразилка има настапувано и за Сорокаба од Бразил и Сан Педро од Португалија.

ЖРК Чаир потпиша со македонската кадетска и младинска репрезентативка Ема Кирова. Новата голманка на Чаир имаше одлични настапи на Европското младинско првенство во Романија, а потоа доби и повик во сениорскиот тим, а со Кирова, ЖРК Чаир го комплетира голманското трио.

Промоција во ЖРК Чаир имаше и Мила Трајковиќ, која одлично знае да се вклопи и во бековската линија како организатор на играта. Низ својата кариера играше за ЖРК Металург и ЖРК Куманово.

Трајковиќ е поранешна репрезентативка на Македонија, а Чаир добива ракометарка со која ја затвара позицијата лево крило.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно...

Ракомет

Вардар ја освои Битола и е на чекор од шампионската титула

Вардар 1961 извојува огромна победа во дербито на македонскиот ракомет, откако на...

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!