Втора лигаФудбал

Скопје го пречекува лидерот Брегалница на „Железарница“ во Автокоманда

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

На „Железарница“ во Автокоманда ќе се соочат некогашните прволигаши Скопје и Брегалница, во рамки на 6. коло од Втората македонска фудбалска лига. Брегалница е лидер на табелата од можни 15 има 13 бодови на своето конто и сезоната сака да ја заврши на првите две места кои директно водат кон Првата лига со тоа „сините“ од Штип ќе имаат експресен камбек, во однос на Скопје кој сезонава ќе конкурира само за висок пласман.

Сепак гостувањата во Автокоманда секогаш важеле за тешки, неизвесни и таму тешко се освојуваат трите бодови, бидејќи „пиратите“ на домашен терен се повеќе од незгоден противник.

Брегалница со трите бодови ќе остане на врвот од табелата, а во зависност од резултатите на конкурентите може и да одлепи на повеќе бодови залиха, а пак Скопје денес против лидерот ќе го бара само вториот сезонски триумф.

Во однос на меѓусебните соочувања, двете екипи од 2010 година наваму за првпат ќе се соочат меѓусебно како второлигаши, досега меѓусебно играле во Првата лига девет пати и еднаш на пријателски меч. Брегалница е многу подобра во меѓусебните дуели дури четири пати била победник, Скопје само еднаш ја добил Брегалница, а пак четири натпревари завршиле без победник.

Натпреварот меѓу Скопје и Брегалница, од 6. коло на Втората лига се игра денес на „Железарница“ во Автокоманда од 14 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!