Втора лигаФудбал

Реми во Гевгелија, победа за Саса, Охрид и Осогово

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во рамки на шестото коло на Втората лига се одигра дербито во Гевгелија меѓу Кожуф и Детонит Плачковица, каде немаше победник (0:0), со по еден црвен картон на двете страни.

Во Богданци повратникот Вардарски се соочи со ланскиот прволигаш Македонија ЃП, каде лавовите со головите на Христов и Размоски стигнаа до победа од 0:2.

Каменица Саса на свој терен го пречека одличниот Арсими каде Саса со пресврт стигна до победа од 2:1. За Саса стрелаа Димески и Симевски, а за гостите Цуцули.

На Градскиот стадион во Кочани екипата на Осогово го пречека Борец каде жетварите славеа со голот на Симоски.

Во Прилеп силите ги одмерија Победа и Охрид каде Дуков обезбеди победа за гостинот од 0:1.

Вардар Неготино како домаќин играше на СЦ „Пандев“ во Струмица откако теренот во Неготино го суспендираше ФФМ поради инцидентите кои се случија по завршувањето на мечот со Охрид во рамки на 4. коло. Вардар Неготино преку соопштение се извини за инцидентите, но сепак и покрај тоа ќе мора да настапува надвор од Неготино. На денешниот меч Вардар Неготино играше против тимот на Башкими, каде исходот беше победа за Башкими од 0:1 со голот на Хамза.

Инаку и теренот на Башкими е суспендиран, па со тоа и второлигашот од Куманово како домаќин ќе мора да игра на друг терен.

Новаци доби службени три бодови од дуелот со Македонија ЃП, па тоа за нив е повеќе од важно во обид за што повисок пласман на второлигашката табела. Денес Новаци на домашен терен силите ги одмери со струмичка Беласица каде 0:0 беше исходот

На „Железарница“ во Автокоманда силите ги одмерија екс прволигашите Скопје и Брегалница, во меч каде исходот беше 0:0.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!