Втора лигаФудбал

ФФМ го суспендираше стадионот на Башкими во Куманово

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија денес преку соопштение информираше дека е суспендиран теренот на Башкими во Куманово, а како што е наведено во соопштението причината за суспензијата на теренот е присуство на неслужбени лица на теренот веднаш по завршувањето на натпреварот од 4. коло во Втората македонска фудбалска лига.

„ФФМ информира дека Комисијата за натпревари на ФФМ на денес одржаната седница донесе одлука според членовите 41,42 и 75 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Стадион „БАШКИМИ“ Куманово поради присуство на неслужбени лица на теренот веднаш по завршување на натпревар во рамки на 4 коло на Втора МФЛ помеѓу екипите на ФК Башкими 1947 АД – ФК Беласица АД одигран на 25.09.2024 година во Куманово. Стадионот „БАШКИМИ“ Куманово е суспендиран се до донесување на одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ. Суспензијата стапува на сила веднаш“, се вели во соопштението на ФФМ.

Тоа значи дека сега Башкими своите домашни натпревари ќе треба да ги игра на друг терен, а што сега Башкими ќе треба да бара алтернатива каде ќе ги игра домашните натпревари, но и колку натпревари Башкими ќе биде казнет со не играње на својот стадион.

Како што веќе објави Спортска Мрежа во Втората лига суспендиран е теренот во Неготино, па Вардар Неготино како домаќин токму против Башкими ќе игра на СЦ „Пандев“ во Струмица, а во Првата лига суспендиран е теренот во Кавадарци, па прволигашот Тиквеш против Силекс како домаќин ќе игра на Градскиот стадион во Кичево.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!