Прволигашот Тиквеш за новата сезона од Првата кошаркарска лига се засили со четири странски кошаркари, но промовираше и неколку домашни имиња.
Нови играчи на Тиквеш се Габриел Коскоски, Том Куори, Мајк Грин, Ајзак Џонс, Андреј Чадамов, Христијан Тодоровски и Христијан Несторовски, како и Брајнс Хант. Покрај промоцијата на домашни кошаркари.
Новата сезона од Првата кошаркарска лига на Македонија ќе започне на 5. октомври, а во рамки на првата рунда од новата натпреварувачка сезона 2024-2025 екипата на Тиквеш на домашен терен ќе се соочи со Пелистер од Битола.