Втора лигаФудбал

Новаци службено го доби мечот со Македонија ЃП, минус еден бод за „лавовите“

Сподели
Сподели

Екипата на Новаци службено го доби натпреварот со Македонија ЃП, натпреварот од вонредното 4. коло на Втората македонска фудбалска лига, со што овој меч кој заврши 1:1, се регистрира со службени 3:0 за Новаци, а со тоа ланскиот прволигаш го губи бодот кој го освои со Новаци.

Според член 99 од Правилник за натпреварување и според член 20б од Пропозиции за Втора МФЛ натпреварот службено е регистриран 3:0 за ЗФК Новаци 2005.

Согласно одлуката на Комисијата на натпреварите на ФФМ образложението за ваквата одлука е следно.

„Комисијата за натпревари на ФФМ при разгледување на материјалот, записникот, делегатски извештај и изјава на главен сдуија на натпреварот констатира: За време на натпреварот, поточно во 90-та минута гостинскат екипа на ФК Македонија ЃП 1932 извршила измена при што од игра го извадила фудбалерот (младинец) Славков Алексеј, а во игра го внела фудбалерот со број 21 Вецески Кристија. При оваа измена гостинската екипа ФК Македонија ЃП го прекршила член 20 б став 1 од Пропозициите на Вторат аМФЛ кој гласи: Сите клубови учесници во Втората лига, натпреварот мора да го започнат и завршат со 2 (два) домашни фудбалери, кои немаат навршено 21 година.“

Согласно тоа сега Македонија ЃП е на 4. место со десет бодови, а Кожуф е трет со 11 бодови, додека пак Новаци сега е на седмото место на табелата со девет бодови на своето конто.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!