Останато

Македонската таеквондо репрезентација на подготовки во Крушево

Сподели
ФОТО: Македонска таеквондо репрезентација
Сподели

Македонските репрезентативци во таеквондо се подготвуваат на висински тренинг камп во Крушево, како дел од подготовките за големите меѓународни натпреварувања што следуваат.

Тренингот се одвива под раководство на селекторот и претседател на Македонската таеквондо федерација (МТФ), д-р Борче Костовски, и неговиот помошник, Иван Крстевски. Од МТФ истакнуваат дека токму федерацијата е покровител на овие летни висински подготовки за нашите најдобри таеквондисти, но и дека репрезентацијата располага со врвни услови за работа и напредок.

Таеквондо е водечки индивидуален спорт во Македонија – не само поради резултатите, туку и поради стабилната организациска структура, нивната визија и цел.

МТФ веќе ги насочува подготовките кон новите големи цели а тоа е освојување медали на Европски и Светски првенства, како и настап со висок пласман на Европските олимписки игри за млади, кои ова лето ќе се одржат во Скопје.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина...

Останато

Европскиот шампион Петар Мијалков од Македонија ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!