Прва лигаФудбал

Димитар Капинковски се враќа дома – нов шеф на стручниот штаб на Пелистер!

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Прволигашот ФК Пелистер од Битола и официјално доби нов тренер пред почетокот на сезоната 2025/26. Димитар Капинковски, актуелен селектор на македонската репрезентација до 18 години, од денес е новиот шеф на стручниот штаб на битолскиот клуб.

Капинковски потпиша договор до крајот на сезоната и ќе има задача да го продолжи развојот на клубот, кој повторно се натпреварува во елитата. Неговото назначување доаѓа по спогодбеното заминување на дотогашниот тренер Срѓан Захариевски.

Ова претставува и симболично враќање дома за 50-годишниот стратег, кој токму во Пелистер ја започна својата тренерска кариера. Подоцна ја водеше и прилепска Победа, а имаше и интернационален ангажман во грузискиот прволигаш Самтредиа.

Почетокот на подготовките е закажан за 30 јуни, а планот за тренинг и пријателски натпревари ќе биде објавен наскоро. Пелистер се надева дека со искуството и енергијата на Капинковски ќе постави цврсти темели за стабилна и конкурентна сезона во Првата лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

Трета лигаФудбал

Речица не допатува – кичевски Напредок добива службени три бода

Воведниот меч од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!