Турнири

Кафе Бар Лавадо со двоцифрена победа, Деко Лукс повторно сигурен на Меморијалниот турнир во Лабуништа

Сподели
Сподели

Вечерва во Лабуништа се одиграа натпреварите од второто коло во рамки на Меморијалниот турнир во мал фудбал, посветен на Башким Салкоски, Шериф Сефиданоски и Беким Бајрамоски. Атмосферата повторно беше на високо ниво, а четирите меча понудија доминација на фаворитите, особено на Кафе Бар Лавадо, кој оствари најубедливата победа досега на турнирот.

Кафе Бар Лавадо ја отвори вечерта на спектакуларен начин, декласирајќи го Рики Срл со убедливи 11:0. Екипата играше со висок интензитет и целосна контрола во текот на целиот меч.

Во вториот дуел, Идеал рент а Кар го декласираше ХТМ Про Вин, славејќи со 5:0. Публиката проследи уште еден меч со убедлива победа.

Мечо Транс повторно одигра стабилно и дисциплинирано, совладувајќи го тимот на Сео Пласт со 4:0, со што ги зацврсти своите позиции кон следна фаза.

Последниот меч од вечерта ѝ припадна на Деко Лукс и Ресторан Лабуништа, кои со резултат 5:2 го совладаа борбениот состав на Бау Путз Мемишоски. Иако противникот даде отпор, квалитетот на Деко Лукс повторно дојде до израз и запиша победа.

  • Турнирот продолжува – следуваат нови возбудувања

Турнирот во Лабуништа продолжува утре (четврток, 19.06.2025) со нови четири натпревари од втората рунда:

  • Четврток, 19.06.2025

19:40 – Велешта Јунајтед – Самир Муртезоски

20:30 – Бинај – Електро Промет

21:20 – Нетто Маркети – Анима

22:10 – Виена Комерц – Балкан Профил

Потсетување: Победничката екипа ќе освои 2.000 евра, второпласираната 700 евра, а третото место носи 300 евра.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој настан и секојдневно известува со резултати, табели и случувања од теренот. Следете нè за целосна покриеност – македонскиот спорт на едно место!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

Поврзани написи
Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!