Турнири

ФОТО: Десово Градба и Озан Ајаз забележаа убедливи победи на “Црнилиште Куп 2025”

Сподели
Сподели

Синоќа беа одиграни нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал “Црнилиште Куп 2025”, а многубројната публика уживаше во многу погодоци, добар фудбал и една пенал серија.

Десово Градба со убедлива победа од 5:2 го декласираше тимот на Фриз Салон Рамче, кој не беше моќен да парира на Десово Градба.

Вториот меч меѓу Лисиќан и Озан Ајаз заврши без победник 4:4, а потоа во пенал серијата беше 4:3 за екипата на Лисиќан, а публиката проследи вистинска голеада.

Во третиот меч Профи Пласт со 0:2 дојде до сигурна победа над екипата на Беса Сливник.

Во последниот меч екипата на Озан Ајаз се врати на победите откако со убедливи 5:1 славеше над Беса Сливник.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!