Прва лигаФудбал

Работнички се засили со Бразилецот Калани Алмеида

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Работнички го гради тимот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига и за таа цел претстави ново засилување, се работи за Бразилецот Калани Алмеида, кој со „романтичарите“ потпиша двегодишен договор.

Новото засилување на Работнички има 23 години и се работи за офанзивен фудбалер, кој доаѓа од Словенија каде настапувал за НК Горица и за НК Томлин, а во Бразил има играно за Атлетико-МГ У20, Ботафого-ПБ, Маринга.

Претходно, Работнички се засили со Дашмир Елези и Васко Василев.

Работнички денес ќе го одигра првиот пријателски меч со Силекс во Кратово, а потоа ќе следува уште еден меѓусебен тест во Скопје.

Работнички ќе игра во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!