Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ангажираше ново засилување во пресрет на сезоната 2025/26. Станува збор за египетскиот репрезентативец Ибрахим Калес Валид, 26-годишен пивотмен кој во Битола доаѓа од турскиот првак Бешикташ.
Валид, кој е висок 195 сантиметри, важи за физички моќен и борбен пивот со одлична поставеност и чувство за игра. Неговата стабилност во одбраната, како и прецизноста во нападот, го направија незаменлив дел од ростерот на Бешикташ, но и постојан член на една од најдобрите африкански селекции – репрезентацијата на Египет.
Официјалното претставување на новото засилување е најавено на почетокот од подготовките за новата сезона, кои ќе стартуваат следниот месец во Битола.