КошаркаКошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Марјан Илиевски е нов селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија

Сподели
Сподели

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација влегува во ново поглавје. Марјан Илиевски, искусен стручњак со богато тренерско искуство во домашната и регионалната кошарка, го наследува досегашниот селектор Александар Јончевски.

Официјалната промоција на Илиевски и неговиот стручен штаб ќе се одржи утре (Вторник) со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. На прес-конференцијата ќе присуствуваат и претставниците на Кошаркарската федерација на Македонија – претседателот Томица Главчев, потпретседателот Младен Ѓуроски и генералниот секретар Томче Стојчевски.

Првиот официјален предизвик за Илиевски ќе биде битката за пласман на Светското првенство што ќе се одржи во 2027 година. Нашата селекција е дел од групата „Б“ во претквалификациската фаза, заедно со репрезентациите на Романија и Унгарија.

Во август, нашите кошаркари ќе одиграат вкупно четири натпревари два натпревари дома и два на гости. Првиот натпревар на домашен терен е закажан за 2 Август против репрезентацијата на Романија, додека вториот ќе се одигра на 20 Август против репрезентацијата на Унгарија, повторно пред домашната публика.

Само двете најдобро пласирани селекции од групата ќе обезбедат пласман во главната квалификациска рунда за Светскиот Куп.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23 над Луксембург, а вечерва ќе го добие првиот резултатски ориентир за...

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!