Најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска е одбрана да суди на Копа Америка за дами, што е уште една потврда за големиот потенција и квалитет кој го има Пројковска.
Ова доаѓа и како соработка на УЕФА и КОНМЕБОЛ за размина на судии, па така Пројковска е избрана да биде дел од Копа Амарика во женска конкуренција каде ќе ја дели правдата.
Нејзини помошнички Џулија Темпестили од Италија и Ирагарце Фернандез од Шпанија.
Турнирот започнува на 12 јули, а финалето е закажано за 2 август, со учество на десет јужноамерикански репрезентации. Ова ќе биде деветтото издание на Копа Америка за жени, а за првпат во историјата на натпреварувањето ќе суди македонски претставник.
Ова назначување е огромно признание не само за Пројковска лично, туку и за целокупниот напредок на македонското судиско тело. Во период кога македонските судии сè почесто добиваат повици за меѓународни настапи, учеството на Пројковска на Копа Америка е дополнителен поттик за идните генерации.
Со одлуки кои инспирираат доверба, авторитет на теренот и беспрекорна подготвеност, Ивана Пројковска го заслужи својот момент под светлината на големите сцени.
