Турнири

Утре стартува Меморијалот „Благој Истатов“: Компанија Атанасовски на мегдан против Кеги Моби

Сподели
Сподели

Утре започнува третото издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов“ кој се игра на фудбалскиот терен во Чифлик Маало во Струмица.

Првата вечер ќе понуди три атрактивни натпревари, во 21 часот Компанија Атанасовски оди на мегдан против Кеги Моби, за екипа на Компанија Атанасовски настапуваат дел од играчите кои лани беа шампиони на „Благој Истатов“.

Еден час подоцна од 22 часот ФК Дрвош ќе се соочи со Радио Имплус, а публиката ќе има можност од 23 часот да го проследи соочувањето меѓу Дивино и Еклер Транс Пепелиште.

Овие се трите натпревари со кој ќе се отвори овогодинешното издание на „Благој Истатов“, а каде екипите ќе се борат за награден фонд од еден милион денари, првопласираната екипа ќе добие 500.000 денари, второпласираната ќе инкасира 250.000 денари, за третото место е предвидена парична награда од 100.000 денари, а пак четвртото место ќе добие 50.000 денари.

Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан, ќе известуваме секоја вечер од случувањата од Струмица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Јован Илиев триумфираше на 25. издание на „Легендите на Спартак“ во Кочани

Во Кочани викендов се одржа 25. издание на Меѓународниот меморијален турнир во борење слободен стил „Легендите на Спартак“, настан кој со години претставува...

Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Вардар од јануари се засилува со бразилскиот бек Жоао Педро да Силва

Ракометниот клуб Вардар 1961 го потврди ангажманот на бразилскиот бек Жоао Педро да Силва, кој од јануари ќе им се приклучи на „црвено-црните“ и...

Поврзани написи
Турнири

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе има неизвесни соочувања!

Вечерва продолжуваат возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ – програмата...

Турнири

Следните два дена на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе бидат навистина „пеколни“

Следните два дена на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ нудат неверојатни...

Турнири

Млаз Инженеринг Транспорт со „петарда“ го „разнесе“ Дизел Кале Тобако Марија на „Стојаково 2025“

Екипата на Млаз Инженеринг Транспорт вечерва забележа убедлива победа на турнирот во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!