Втора лигаФудбал

ФК Големо Коњари се мобилизира за поголема акција околу реконструкцијата на теренот!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање на фотографијата!
Сподели

Фудбалскиот клуб Големо Коњари кој се избори за влез во Втората македонска фудбалска лига интензивно работи на подобрување на инфраструктура со цел теренот да ги исполни условите за одигрување на натпреварите.

За таа цел клубот организира поголема акција со сите жители на самото село, а кој ќе се одржи на 15 јуни (недела) со почеток од 16 часот, во која ќе бидат вклучени сите со цел да се забрза темпото на работни активности.

„Ги известуваме сите жители на Големо Коњари, ве повикуваме кој може во недела (15 јуни) со почеток од 16 часот да излезе на стадион, да ни помогне во стадионот и околу него за подготовка за второлигашките натпревари. Кој сака може и со трактори да дојде, со приколки, ќе има носење на земја ќе се потполнуваат и ќе се санираат некои нерамни места. Ќе има секакви активности и секоја ваша помош ќе ни биде од големо значење“, се вели во соопштението на ФК Големо Коњари.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа нов тренер на Големо Коњари е Јовица Блажевски, кој ќе има една цел – да избори опстанок со клубот.

Погледнете како течат подготовки на теренот во Големо Коњари, со цел истиот да ги исполни сите потребни услови за одигрување на домашните натпревари од Втората лига на својот терен во селото Големо Коњари.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!