Ракометниот суперлигаш Охрид го официјализираше ангажманот на Давид Савревски, младиот македонски репрезентативец кој ќе го засили тимот на позицијата десен бек.
Висок 195 сантиметри и има 22 години, Савревски потпиша договор на најмалку две сезони со охридскиот клуб.
Новиот член на Охрид доаѓа од РК Алкалоид, каде настапуваше три сезони, вклучително и во европските купови. Претходно ги бранеше боите и на РК Вардар.