Министерството за спорт и Владата на Република Македонија ќе организираат свечена церемонија утре во просториите на Владата, со почеток од 12:00 часот, на која ќе бидат доделени Национални признанија за врвни достигнувања во спортот.
На церемонијата ќе присуствуваат министерот за спорт Борко Ристовски и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Признанија ќе им бидат доделени на истакнати македонски спортисти кои оставиле длабок белег во екипните спортови: Горан Пандев, Дарко Панчев, Илија Најдоски, Петар Наумоски, Перо Антиќ, Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Владо Недановски, Петар Ангелов, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена Златановска Муратовска и Клара Боева.
Добитниците на признанијата се личности кои со своите блескави клупски кариери и настапи за националните селекции ја претставуваа Македонија на највисоко ниво, заслужувајќи си почесно место во македонската спортска историја.
Виолета Јанчева, Спортска Мрежа