Прва лигаФудбал

Марјан Секуловски е нов координатор на фудбалската школа на Фк Пелистер!

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

ФК Пелистер започна реорганизација по најавените промени во структурите на клубот. За нов координатор на фудбалската школа е именуван Марјан Секуловски, и тој ќе го заземе местото на Златко Цветановски.

Секуловски е поранешен фудбалер и тренер на клубот, познат по својата работна етика и професионалност. Во текот на својата кариера, тој водеше клубови од Првата македонска фудбалска лига како и во странство во Мјанмар, Малезија, Бангладеш постигнувајќи забележителни резултати. Нему му е доверена целосната реконструкција и развој на школата на Пелистер.

„Ова е нашиот прв чекор, а наскоро ќе ги објавиме и останатите промени. Клубот донесе одлуки за менаџментот и управувањето, кои ќе ги презентираме на официјална прес-конференција во следните денови. Нашата цел е развојот започнат од претходната управа да продолжи, а ФК Пелистер да се стабилизира како прволигаш со особен значај во македонскиот фудбал“, стои во соопштението на клубот.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

 

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!