ИнтернационалциФудбал

Филип Поповски и Игор Стојчевски дел од Европското првенство до 21 година

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија потврди дека двајца македонски претставници ќе учествуваат на Европското првенство до 21 година, кое се одржува од 9 до 28 јуни во Словачка.

Филип Поповски ќе делува како делегат на УЕФА и ќе биде задолжен за натпреварите на стадионот во Трнава. Неговата улога вклучува надгледување на организацискиот дел од натпреварите, проверка на условите и спроведување на прописите. Поповски веќе има богато меѓународно искуство, а минатата година беше и првиот Македонец кој делуваше како делегат на финален натпревар на Европско првенство, во дуелот меѓу Шпанија и Англија.

„Ова е признание не само за мене, туку и за македонскиот фудбал. Ангажманот доаѓа после години работа на домашни и меѓународни натпревари. Го користам моментот да ја искажам благодарноста до ФФМ и УЕФА за довербата. Наша цел е да покажеме дека имаме капацитети за уште поголеми задачи“, изјави Поповски.

Дополнително, Игор Стојчевски ќе биде дел од судиската екипа на првенството, каде што ќе извршува должност на четврти судија. Овој ангажман претставува уште едно признание од УЕФА за неговата посветеност и континуиран развој на меѓународната фудбалска сцена.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

 

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!