Ракомет

Андоновски со емоции: Важна победа за нас, целата кариера ја поминав во овој клуб, дојде време и за крај!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Некогашниот капитен и долгогодишен ракометар на Охрид, Крсте Андоновски ја заврши професионалната кариера, вечерва во СРЦ „Билјанини Извори“ го одигра неговиот последен натпревар, а кој заврши со огромен триумф за Охрид над Тиквеш, со што охриѓани се чекираа во Европа.

Андоновски со многу емоции даде изјава за Спортска Мрежа, вели дека одиграле тежок натпревар, со кој ја оствариле првичната цел, да се добие мечот и да се обезбеди излез во Европа.

„Успеавме да извојуваме победа игравме еден тежок натпревар можеби под притисок бидејќи мораше да се добие, но првичната цел ја остваривме. Го освоивме тоа четврто место што значи натпревар во следната сезона во Европските купови. Следната сезона се надевам дека овој тим ќе оди нагоре, ќе оствариме и подобри резултати како во Европскиот Куп така и во домашното првенство“, вели Андоновски за Спортска Мрежа.

Андоновски ја заврши професионалната кариера, за Спортска Мрежа зборуваше со многу емоции, а од следната сезона ќе биде во стручниот штаб на Охрид.

„Овој натпревар беше важен за мене бидејќи беше и последниот, целата кариера ја поминав во овој клуб, дојде време и за крај, но има и нови почетоци од следната сезона сум дел од стручниот штаб и се надевам дека тоа ќе биде едно ново поглавје и дека ќе го работам со успех“, вели Крсте Андоновски во изјава за Спортска Мрежа.

Андоновски доби плакета од страна на клубот за посебен придонес во ГРК Охрид. Клубот сезоната ја заврши на четвртото место во плеј-офот што ќе значи и излез во Европа во следната сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!