Ракомет

ФОТО: Охрид триумфираше и обезбеди „виза“ за Европа, Тиквеш „потона“ во Охридското Езеро!

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа
Сподели

Охрид убедливо го декласираше Тиквеш со 32:23 и ја оправда фаворитската улога во последниот меч за сезона 2024/2025, победа која значи обезбедена „виза“ со која охриѓани ќе играат во Европа следната сезона.

Стевче Алушовски за последен пат го водеше Охрид како тренер и со победа се збогуваше од охридската публика во СРЦ „Билјанини Извори“.

Од самиот почеток Охрид најави дека нема да му дозволи на гостинот од Кавадарци воопшто да има било каква надеж за изненадување и така беше во текот на целиот меч.

Кај Охрид најдобар беше Цирар со шест гола, а пак Ојлески имаше пет гола, кај Тиквеш со по четири гола најдобри беа Обина и Анастасовски.

ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа

Охрид заврши на четвртото место и со тоа ќе се подготвува за Европските Купови.

Како што претходно информираше Спортска Мрежа, клубот покрај разделбата со тренерот Алушовски, се раздели и со неколку играчи односно Бобан Ристевски, Милорад Кукоски, Никола Јукиќ, Живан Пешиќ, Хироки Матсуока, Горан Крстевски и Циао Винициус, а пак Крсте Андоновски кој ја заврши кариера ќе биде дел од стручниот штаб од следната сезона.

ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа

Како што информираа од Охрид, направиле напори да го задржат Петар Николоски, но тој го одбил клубот и ќе ја продолжи кариерата во друга средина.

ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа

Шампион на Македонија е Еурофарм Пелистер, Вардар е вицешампион, Алкалоид заврши на третото место, Охрид на четвртата позиција. Екипата на Тиквеш сезоната ја заврши на петтото место, а пак Бутел беше шести односно последен во плеј-офот.

ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа
Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!