Ракомет

Еурофарм Пелистер ја слави титулата среде Скопје откако го доби Вардар

Сподели
Сподели

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се старо нови шампиони на Македонија откако во најголемото ракометно дерби славеа над Вардар среде Скопје со 30:32 со што титулата останува во Битола.

За Еурофарм Пелистер ова е деветта титула, трета во низа, а која беше прославена во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Македонското „Ел Класико“ беше организирано на високо ниво, исполнета сала до последното седиште, со двете навивачки групи „Комити“ и „Чкембари“, неверојатна атмосфера, неверојатна игра, егал игра, гол за гол, неизвесност… вистинско ракометно дерби.

Во екипата на Вардар најдобар беше Вуко Борозан со осум погодоци, а пак седум постигна Срдановиќ, кај шампионот Еурофарм Пелистер капитенот Филип Кузмановски постигна седум погодоци, а пак Тајник, Пешевски и Хосни постигнаа по пет гола.

Низ историјата екипата на Еурофарм Пелистер девет пати беше шампион, Првата титула беше освоена во далечната 1993 година, потоа следуваа титули во 1994, 1996, 1998, 2000, по пет години титулата беше освоена во 2005 година, а потоа следуваше долг пост, по што титулата во Битола се врати дури во 2023 година, па следуваше хет-трик со освојување на титулите во 2024 и 2025 година.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!