Ракомет

ЖРК Металург Автокоманда промовираше неколку ракометарки – се гради тим за следната сезона!

Сподели
Сподели

Женскиот ракометен клуб Металург Автокоманда за следната сезона промовираше неколку нови ракометарки за европската сцена, но и за домашното првенство.

Ново име е Анастасија Николовска, лево крило со репрезентативно искуство, учесничка на ЕП 2022 и младинското ЕП во 2017.

Тимот ја промовираше и Ива Божиновска кој може да игра како лев и среден бек, а се работи за ракометарка со репрезентативно искуство, таа треба да донесе креативност и стабилност на бековската позиција.

Перспективниот хрватски бек Петра Јершек ќе биде дел од ЖРК Металург Автокоманда во новата сезона 2025/2026. Таа е родена 2000 година и важи за еден од најталентираните ракометари на својата позиција, а со своето искуство и квалитети се очекува да даде значителен придонес во тимот на Металург Автокоманда.

Ана Марија Коларовска е нова ракометарка на Металург Автокоманда која настапува на бековските позиции. Коларовска беше дел од квалификациите на сениорската репрезентација во 2025.

Тимот исто така се засили и со младото крило Сара Ристовска, која е член на кадетската репрезентација на Македонија.

Металург Автокоманда заврши на второто место во Суперлигата и обезбеди „виза“ за Европа, а пак во Купот загуби во полуфиналето од Чаир.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!