Метин Ќерими е слободен играч откако реши да се раздели со прилепскиот второлигаш Победа.
Ќерими во Победа пристигна во зимскиот преоден рок од редовите на Вардар Неготино, а има настапувано за повеќе екипи односно за Шкендија Арачиново, БВК Коњаре, некогашниот второлигаш Братство од Житоше, Воска Спорт, Братство Влазними и Скопје.
Победа избори директен опстанок во Втората лига и за следната сезона, а Ќерими реши кариерата да ја продолжи во новата средина.