Ракомет

Долдуров: Имавме спортска среќа и заслуживме за победа против Прилеп, целта е остварена!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Ракометарите на Радовиш забележаа многу тешка и важна победа над Прилеп на домашен терен, победа со која остануваат во Суперлигата и следната сезона.

Во драматичен меч каде буквално се решаваше во последните секунди, Радовиш беше подобар со 32:31 и така ја доби драмата во СРЦ „25 Мај“.

Еден од тренерите на РК Радовиш, Александар Долдуров за Спортска Мрежа вели дека имале спортска среќа, но како што додава заслужиле победа над Прилеп, додава дека целта им е остварена – опстанок во Суперлигата.

  • ЦЕЛАТА ИЗЈАВА НА АЛЕКСАНДАР ДОЛДУРОВ ЗА СПОРТСКА МРЕЖА:


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Успех кој се памти: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир Ohrid Winter Cup 2026, кој ќе се одржи од 5 до...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид како носител ја чека ждрепката: познати се можните ривали во Европскиот Куп на ЕХФ

Ракометарите на Алкалоид утре ќе го дознаат следниот предизвик на европската сцена....

Ракомет

Алкалоид по европскиот предизвик го чека гостување кај Бутел!

Ракометарите на Алкалоид се враќаат на обврските во домашното првенство, откако ги...

Ракомет

Валах посакува Вардар со две победи да ја заврши европската авантура во ЛШ!

Вардар во среда ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите...

Ракомет

Чупиќ: Вардар и навивачите заслужуваат победнички крај во Лигата на шампионите!

Вардар во среда го очекува последниот предизвик во овогодинешното издание на Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!