Ракомет

ВИДЕО: Радовиш го доби „жешкиот“ меч со Прилеп и останува во Суперлигата!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Радовиш го доби „жешкиот“ натпревар со Прилеп во СРЦ „25 Мај“ со резултат од 32:31, а тоа предизвика големо славје во салата на играчи, публиката и верните „Лебари“ кои во текот на целиот меч грмеа во еден глас за Радовиш.

Натпреварот започна со играта гол за гол и менување на водството во обид и на двете екипи да изградата посериозна предност со која би го диктирале натпреварот односно резултатот.

Во шестата минута од мечот Радовиш дојде до два гола предност при 5:3, а потоа Прилеп направи серија од 0-3 за водство од 5:6. Продолжи играта гол за гол и по 15-тина минути игра со менување на водството. Голманот на Радовиш, Кристијан Костадиновски забележа неколку одбрани, а клучна имаше во 17. минута кога Радовиш дојде до водство од 9:8.

Радовишани дојдоа до нови плус два при 12:10 во 20. минута од мечот и се обидуваа да изграда посериозна предност. Шипинковски по стартот на Трајчевски доби директен црвен картон, а Постолов беше сигурен од седум метри за 12:10.

На две минути до крајот Радовиш имаше 17:14 за највисоки плус три, а потоа двете екипи не реализираа по два напади. На полувреме резултатот беше 17:15 откако Прилеп погоди од седум метри.

Стартот од вториот дел донесе неколку брзи погодоци, Прилеп правеше обиди да го израмни резултатот, но Радовиш ја одржуваше предност од два гола и по шест минути игра во вториот дел. Следуваше одлична серија на одбрани на голманот на Радовиш, Славјан Паунов, а потоа Постолов постигна одлично голчиште и Радовиш дојде до нови плус три при 23:20, а таквата атмосфера се загреа и со верните „Левари“ кои даваа силна поддршка од трибините заедно со радовишката јавност која беше во СРЦ „25 Мај“.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Прилеп влезе во мини серија од два гола и намали на 23:22 со што се обидуваше да се врати резултатски и да го превземе водството, откако најпрво израмни на 24:24, но веднаш Радовиш поведе на 25:24.

Последните десети минути од мечот понудија голема неизвесност, а Прилеп стигна до прво водство во вториот дел кога имаше 26:27. Работите се промени во последни осум минути од средбата во СРЦ „25 Мај“ домашниот тим бркаше гол негатива, а откако успеа да израмни на 28:28, веднаш потоа дојде и до водство преку Постолов за 29:28.


На пет минути пред крајот Радовиш дојде до 30:29, а потоа Прилеп израмни на 30:30, а домашниот тим на минута и пол до крајот имаше играч помалку, а со тоа се отвори шанса повеќе за прилепчани, но сепак Радовиш беше помудар во последните секунди и го доби мечот со конечни 32:31.

Здравко Постолов имаше 13 гола за Радовиш, а пак Денис Шабановиќ десет гола за Прилеп

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Радовиш предводен од тренерите Спасе Ѓоргиев и Александар Долдуров останува во Суперлигата и следната сезона, додека пак Струга ќе се подготвува за баражот за опстанок.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Успех кој се памти: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир Ohrid Winter Cup 2026, кој ќе се одржи од 5 до...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид како носител ја чека ждрепката: познати се можните ривали во Европскиот Куп на ЕХФ

Ракометарите на Алкалоид утре ќе го дознаат следниот предизвик на европската сцена....

Ракомет

Алкалоид по европскиот предизвик го чека гостување кај Бутел!

Ракометарите на Алкалоид се враќаат на обврските во домашното првенство, откако ги...

Ракомет

Валах посакува Вардар со две победи да ја заврши европската авантура во ЛШ!

Вардар во среда ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите...

Ракомет

Чупиќ: Вардар и навивачите заслужуваат победнички крај во Лигата на шампионите!

Вардар во среда го очекува последниот предизвик во овогодинешното издание на Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!