Ракометарот на Струга, Филип Талевски беше подложен на хируршка интервенција поради повреда на лигаментите. Операцијата е успешно извршена, а според информациите од клубот, на Талевски му претстои период на рехабилитација и постепено враќање на терените.
Филип Талевски се пресели во редовите на струшкиот клуб од Радовиш, познат по својата борбеност, стабилност во одбраната и огромен придонес на терен.
„Филип, ти посакуваме брзо опоравување и враќање уште посилен“, испратија јасна порака од РК Струга.
Оваа поддршка доаѓа не само од клубот, туку и од соиграчите и фановите, кои во изминатиот период масовно изразија поддршка на социјалните мрежи.
Повредите се дел од спортот, но токму во вакви моменти се гледа карактерот и борбениот дух на спортистот – а Талевски веќе многупати има покажано дека знае како да се врати посилен.
Спортска Мрежа му посакува целосно и брзо закрепнување на Филип Талевски и со нетрпение го очекуваме повторно на ракометните терени!