ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Евротип е победник на Купот на ОФС Битола со убедлив резултат против Могила

Сподели
Сподели

Екипата на Евротип Онлајн е освојувач на Купот на ОФС Битола откако во финалето со убедливи 4:0 го декласираше составот на Могила.

Финалето се играше на Градскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола пред околу 500 гледачи.

Со двата гола на Антонио Марцевски екипата на Евротип имаше предност од 2:0 на полувреме и имаше сериозна предност во вториот дел. Екипата на Могила се обидуваше да парира и бараше изгледна шанса за гол и намалување на предност на противникот, а во финишот од мечот Могила прими два брзи гола.

Во 89. минута Иванчо Јовановски, додека пак Димитар Николоски постигна гол само една минута подоцна за конечни 4:0.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Дрита непоразена есенски првак, Доброшти остана на минус три бода за лидерот, Лирија со убедлива победа

Дрита со победа од 4:1 над Кораби го заврши последното есенско коло на првото место во Третата лига – Регион 6. Доброшти славеше...

Трета лигаФудбал

Илинден со максимални 33 бода есенски шампион, БВК Коњаре и Аеродром во тесна трка зад лидерот

Илинден ја заврши есенската полусезона во Третата лига – Регион 1 со 11 победи од исто толку натпревари. Лидерот во последното коло ја...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ас Јунајтед го доби Пелистер во Битола и се израмни на табелата

Фудбалерките на Ас Јунајтед од Струга со победа ја затвори есенската полусезона,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!