Останато

Победа за Јанев на стартот на ЕП до 16 години во Парма

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Победа на стартот од Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16 години, кое започна вчера во Парма, Италија за македонскиот тенисер Кристијан Јанев.

Македонија на ЕП покрај Јанев ја претставуваат и Максим Треневски кај момчињата, кај девојчињата Миа Спровска и Ива Велковска.

Успешен старт имаше Кристијан Јанев, кој со 2-1 во сетови славеше над Давит Похосјан од Ерменија и во следната рунда ќе игра со победникот од мечот меѓу Кен Инк од Естонија и Жига Шешко, репрезентативец на Словенија.

Максим Треневски во првото коло е поразен од Омер Шамиан од Израел со 2-0 во сетови. Девојките се поразени во стартното коло, откако Миа Спировска загуби од Камила Черноусова од Летонија со 2-0 во сетови, а со истиот резултат Ива Велковска беше поразена од Ванеса Влахова од Бугарија.

Во конкуренција на двојки Јанев и Треневски во првото коло за противници ги имаат Леонардо Љубичиќ и Лени Пети од Монако, додека Спировска и Велковска ќе играат против врсничките од Италија Илари Пистола и Вирџинија Проиети.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за својот голем...

Останато

Европскиот шампион Петар Мијалков од Македонија ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!