Втора лигаФудбал

Гроздановски е најдобар стрелец во Втора лига, Христов има пет гола, Јовов е трет со четири гола!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

По четири одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, фудбалерот на Кожуф, Драко Гроздановски е најдобар стрелец со седум постигнати погодоци.

На второто место на листата на стрелци е Симеон Христов, фудбалерот на Македонија ЃП со пет постигнати погодоци, а пак на третото место со четири погодоци е фудбалерот на Беласица, Димче Јовов.

По три погодоци имаат Илија Баламов од Вардарски, Христијан Кировски од Скопје, Тони Мичковски од Каменица Саса и Аљбин Рамадани од Арсими.

Со по два погодоци во листата на стрелци се Стефан Бабунски од Детонит Плаковица, Леонтин Бајрами од Арсими, Крсте Велкоски од Македонија ЃП, Иван Галевски и Иван Глигоров од Брегалница, Петар Гугуљанов од Кожуф, Хусеин Демири од Башкими, Филип Димоски од Охрид, Петар Најдов од Вардар Неготино, Никола Талески од Победа и Иве Трифуновски од Новаци.

По четири кола засега единствен со автогол е Павле Петров од екипата на Борец од Велес.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!