Вардар ја освои 17-тата тутила во ракометниот Куп на Македонија откако во големото финале во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид со 31:27 го совлада Еурофарм Пелистер.
Најтрофејниот македонски ракометен клуб во својата витрина додава нова титутла, првата освоена во 1997 година, додека пак Еурофарм Пелситер останува на петте титули, а не успеа во својата цел да ја врати титулата во Битола после 20 години.
Вардар одлично го отвори финалето и во првите десеттина минути игра започна да гради осетна предност. Со добра игра вардарци во по 10 минути игра имаа 7:2 предност.
Битолчани потоа влегоа во серија од 0-3 со која Еурофарм Пелистер дојде на минус два односно 7:5 откако Вардар влезе во криза која продолжи, а битолчани преку Дејан Манасков намалија на 7:6 за 0-4 во серија.
По скоро четири минути без гол екипата на Вардар погоди за 8:6, а во тие моменти пристигнаа и верните „Комити“ во СРЦ „Билјанини Извори“, откако претходно во сала веќе беа верните „Чкембари“ па со тоа се вжешти атмосферата во салата.
Вардар потоа влезе во нова серија со поддршка од „Комити“ кога дојде до највисоката предност на 14:10 во 25. минута. На полувреме вардарци имаа предност од 17:14.

Вардар одлично го отвори вториот дел од натпреварот и ја одржуваше предноста со што не му дозволуваше на Еурофарм Пелистер да дојде до позиција да го загрозува резулататот. По седум минути игра во вториот дел резултатот беше 21:16, по што битолчани побараа тајм-аут.
Битолчани потоа тргнаа подобро и дојде до ситуација да го намали водството на Вардар, откако Еурофарм Пелистер намали на 24:21.
Во крајот од натпреварот Вардар беше перфектен и дојде до победа со резултат од 31:27 над Еурофарм Пелистер, со што битолчани ќе чекаат барем уште една година со надеж за освојување на Куп титулата.
Богдан Радивојевиќ постигна осум погодоци за Еурофарм Пелистер, кај Вардар по шест гола постигнаа Томислав Јагуриновски и Младен Крсманчиќ.
Најдобар стрелец беше Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер, најдобар голман е Мигел Еспиња Фереира од Вардар, а за најдобар играч беше прогласен Томислав Јагуриновски од Вардар.