Ракомет

Вардар има најмногу титули во Купот на Македонија, кои екипи имаат Куп титула?

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Вардар ја освои 17-тата Куп титула откако во големото финале од ракометниот Куп на Македонија кое се играше во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид славеше над Еурофарм Пелистер.

Вардар првата титула ја има освоено во 1997 година, а пет пати бил вицепрвак, а пак две екипи во минатото играле финале но не го освоиле Купот тоа се Младост од Богданци во далечната 1996 година и Струмица во 2013 година.

Металург е втор на оваа листа со шест титули, последната ја освои пред шест години во 2019, а првата во 2006 година, пет титули има Пелистер, додкеа пак по една титула имаат Прилеп од 2002 година, Куманово од далечната 1993 година, Борец има титула од 1994 година, а пак Алкалоид од 2024 година.

  • ЦЕЛОСНА ГРАФИКА НА ЕКИПИ КОИ ИМААТ КУП ТИТУЛА И КОИ ИГРАЛЕ ФИНАЛЕ:
Место Клуб Титули Години како првак Вицепрвак Години како вицепрвак
1. Вардар 17 1997, 2000, 2001, 2003, 2004, 2007, 2008, 2012, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2021, 2022, 2023, 2025 5 1999, 2006, 2009, 2010, 2019
2. Металург 6 2006, 2009, 2010, 2011, 2013, 2019 8 1993, 2005, 2008, 2012, 2014, 2015, 2016, 2018
3. Пелистер 5 1995, 1996, 1998, 1999, 2005 11 1994, 2002, 2003, 2004, 2007, 2011, 2017, 2021, 2022, 2023, 2024
4. Прилеп 1 2002 2 2000, 2001
5.= Куманово 1 1993 0 —
5.= Борец 1 1994 0 —
5.= Алкалоид 1 2024 0 —
8.= Младост 0 — 1 1996
8.= Струмица 0 — 1 2013


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Лабинот Елези обезбеди три бода за Влазерими, Могила славеше над Демир Хисар, минималец за Крошу Спорт

Крошу Спорт на крилат на Александар Ѓорѓиевски го доби Чардак Велгошти на гостински терен со минимални 0:1 во меч од 7. коло на...

Трета лигаФудбал

Шерифи херој на Дрита за триумф над Гостивар, реми со шест гола на Речица и Вардар Брвеница, Градец со висока победа

Рамадан Шерифи е херојот на Дрита од Боговиње, откако славеше со минимални 1:0 над Гостивар во меч од 8. коло на Трета лига...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ за „Спортска Мрежа“: „Многу е потешко да се одбрани титулата отколку да се освои!“ 

ГРК Охрид ја продолжи европската приказна со уште две убедливи изданија во...

Ракомет

Бутел славеше над Горица, но европскиот пат заврши во второто коло

Ракометарите на Бутел Скопје ја завршија европската авантура во второто коло од...

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!