Еурофарм Пелистер се намачи со храбриот Охрид во полуфиналето но го доби и со тоа патува во финалето од Купот на Македонија, каде веќе утре ќе се соочи со Вардар.
Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски во изјава за Спортска Мрежа истакна дека Охрид одиграл фер и коректен натпревар и дека искуството кое го имаат било пресудно за победа против Охрид.
„Честитки за Охрид за фер и коректната игра навистина не е екипа за потценување, оваа сезона одиграме многу меѓусебни натпревари, добро ги анализираме добро се познаваме двата тима. Мислам дека сме поискусни и како што кажав мислам дека ја имаме најдобрата екипа во македонската лига, плус искуството од Лигата на шампионите тоа ни пресуди секогаш во последните да стигнеме до таа зрелост што ја имаме во последните 15-тина минути кои се најважни. Покажавме зрелост навистина сум горд на сите момци, денес беше одличен натпревар уживање во теренот и надвор од теренот. Морам да ги пофалам нашите навивачите што секогаш ни дават поддршка плус тука во Охрид“, рече Кузмановски за Спортска Мрежа.
Како што вели Кузмановски за Спортска Мрежа, тие сакаат да го вратат Купот во Битола.
„Одиме во финале навистина сме среќни со Вардар ќе биде навистина еден спектакл. Сите тоа можеби навистина го очекуваа, но кога ќе играат Пелистер и Вардар тоа е нешто посебно. Треба добро да одмориме за утрешното финале против Вардар и како што кажав претходно сакаме Купот после 20 години да го донесеме во Битола навистина тоа значи за нас играчи и за управата, за градот за нашите навивачи“, изјави Кузмановски за Спортска Мрежа.
Утре во СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид ќе се игра големото финале меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.