Ракомет

Еурофарм Пелистер се избори за финале по тешка битка со Охрид!

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Еурофарм Пелистер изборија пласман во финалето на Купот на Македонија, совладувајќи го домаќинот ГРК Охрид со резултат 27-23 (11-12) во полуфиналниот дуел одигран во салата „Билјанини извори“.

Битолчани имаа сериозни проблеми во првото полувреме и речиси целиот натпревар бркаа резултат, откако охриѓани поведоа и имаа контрола во текот на првите 30 минути. На одмор се замина со предност за Охрид (12-11), но во вториот дел искуството и поширокиот ростер на Пелистер го направија своето.

ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа

Во клучните моменти од мечот, Пелистер ја презеде иницијативата и со серија на голови ја скрши одбраната на домаќинот. На крајот, битолчани обезбеди финале и нова шанса за трофеј во македонскиот Куп.

ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа

Филип Кузмановски беше најефикасен кај победникот со 7 погодоци, исто толку колку што постигна и Гоце Ојлески за охриѓани.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Даниел Трајковски носи три бода за Раштани Спорт, минимална победа на Форца Нова, Горски пресилен за Локомотива

Тополка забележа минимална победа од 1:0 над Врановци, а стрелец на победничкиот гол во мечот од 4. коло на Општинската фудбалска лига во...

Прва лигаФудбал

Шкендија останува на врвот, Струга искористи најмногу, Тиквеш е блиску до врвот, Арсими останува во бараж зоната за опстанок

По единаесет рунди во Првата македонска фудбалска лига и натаму Шкендија го држи врвот од табелата, но сега вицешампионот има само еден бод...

Поврзани написи
Ракомет

Сокол Саса ја загуби драмата и останува и натаму без бодови, Преспа го доби Илинден преку Томче Трајчевски

Неверојатна драма донесе натпреварот во Македонска Каменица меѓу Сокол Саса и Јехона,...

Ракомет

Ројевиќ за „Спортска Мрежа“: „Многу е потешко да се одбрани титулата отколку да се освои!“ 

ГРК Охрид ја продолжи европската приказна со уште две убедливи изданија во...

Ракомет

Бутел славеше над Горица, но европскиот пат заврши во второто коло

Ракометарите на Бутел Скопје ја завршија европската авантура во второто коло од...

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!