Со одигрување на натпреварите од првата вечер, започна овогодишното издание на меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2025“.
Во првиот меч, екипата на Хризантема убедливо со резултат 5:2 го совлада Демир Хисар и со триумф го отвори турнирот.
Понеизвесен беше натпреварот меѓу Хајв Кафе и Евротип, каде што тимот на Хајв Кафе славеше со 3:1.
Во третиот меч, Здружението на возачи не наиде на сериозен отпор од Фасада Чајник, победувајќи со високи 5:2.
Најубедливата победа ја запиша екипата на Пекара Александар, која со 6:3 ја декласираше Могила во последниот дуел од вечерта.
На турнирот оваа година се натпреваруваат следните екипи: Здружение на возачи Ресен, Асп-Пак, Кафе бар 9, Аце Најдески, Хризантема, Могила, Евротип, Фасада Чајник, Враништа, ФК Ресен, Нана Фруит Солар Булид, Теа Андреа, Демир Хисар, Асан Кичево, Пекара Александар и Крушево.
Спортска Мрежа ќе биде официјален медиумски покровител на годинашното издание на меѓуопштинскиот турнир „Ресен 2025“.
