Младински фудбалФудбал

Цевитана лесно го реши Топ Гол со хет-трик за Огненоска, триумф за Истатов во Струмица, Атлетико пресилен!

Сподели
Сподели

Овој викенд ќе бидат одиграни натпреварите од последното 26. коло на младинската женска фудбалска лига со што ќе заврши сезоната 2024/2025.

Во рамки на последното коло екипата на Цевитана со убедливи 7:1 го декласираше тимот на Топ Гол од Битола. Евгенија Огненоска постигна хет-трик за прилепскиот тим, а по двапати погодија Александра Секулоска и Матеја Бардакоска. За гостинската екипа единствен стрелец беше Александра Ристевска која погоди во 65. минута.

Атлетико однесе убедлива победа од 0:6 над Билјанини Извори во Охрид, а за битолскиот тим двојни стрелци беа Јана Бошковска, Теа Ангелеска и Ива Манасијевска.

Истатов со погодоците на Матеа Илиевска и Леона Постолова постигнати во првиот дел триумфираа со 0:2 над Тиверија Брера во Струмица.

Речица со 1:3 славеше против Љуботен во послендиот меч за оваа сезона. Домашиот тим прво го отвори резултатот по три минути игра преку Марија Јованоска, но веќе во 5. минута беше 1:1 со голот на Тиана Ристиќ. Пред крајот на првото полувреме Ива Тоневска постигна гол за 1:2 на полувреме.

Во вториот дел конечни 1:3 ги постави Ива Трајковиќ откако погоди во 57. минута од натпреварот.


Кочани благодарение на двата гола на Андреа Крстова славеше со 3:2 над Фудбал Старс. За победничкиот тим гол даде и Марија Радева, а за Фудбал Старс двапати погоди Марија Велиновска.

Натпреварот меѓу Каменица Саса и Ас Јунајтед од Струга заврши без победник (0:0) за поделба на бодовите.

Последното 26. коло од младинската женска фудбалска лига ќе се комплетира утре со мечот меѓу Скопје и Победа Валандово.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Лабинот Елези обезбеди три бода за Влазерими, Могила славеше над Демир Хисар, минималец за Крошу Спорт

Крошу Спорт на крилат на Александар Ѓорѓиевски го доби Чардак Велгошти на гостински терен со минимални 0:1 во меч од 7. коло на...

Трета лигаФудбал

Шерифи херој на Дрита за триумф над Гостивар, реми со шест гола на Речица и Вардар Брвеница, Градец со висока победа

Рамадан Шерифи е херојот на Дрита од Боговиње, откако славеше со минимални 1:0 над Гостивар во меч од 8. коло на Трета лига...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Лидерот Куманово ја декласираше Победа од Тромеѓа, Козјак со три бода, Пчиња славеше над Липково

Екипата на Козјак од Старо Нагоричане стигна до првата сезонска победа откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!