Алкалоид немаше среќа во пенал-серијата каде беше поразен од Вардар кој патува во големото финале од Ф4 Купот на Македонија кој се игра во СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.
Ракометарот на Алкалоид, Дамјан Митев за Спортска Мрежа истака дека натпреварот бил тежок за играше, баш како финале, но притоа додава дека немале и среќа.
„Им честитам на противниците од Вардар, многу тежок натпревар за играње баш како финале. Не нè послужи среќата промашивме неколку пенали и тоа е тоа“, краток изјави Дамјан Митев за Спортска Мрежа.
Вардар ќе го чека подобриот од второто полуфинале меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер со кого ќе игра во финалето, кое е закажано за утре.
