Гоце Седлоски е нов тренер на прволигашот Беса од Добри Дол, откако претходно дебитантот во фудбалската елита на Македонија се раздели со Александар Таневски, тренерот со кој Беса испиша историја пласирајќи се во Првата лига.
Во својата кариера Седлоски ја водеше албанска Влазнија, Динамо Загреб 2, Широки Бријег од БиХ, летонска Рига, како и македонските Шкупи, Работнички, Вардар и Хоризонт Турново.
Во текот на утрешниот ден ќе следи офицјална промоција на Седлоски на клупата на Беса, со што новиот стратег ќе се зафати веднаш со работа, бидејќи во среда во вонредно коло ќе игра против Шкупи на Чаир, а во рамки на 7. коло од Првата македонска фудбалска лига. Тоа ќе значи дека Седлоски би дебитирал против неговиот поранеш клуб Шкупи, кој го предводеше во минатото.
Беса вчера на домашен терен загуби од повратникот Пелистер со 2:3 и на своето конто има четири бодови.