Прва лигаФудбал

Бафто главен на Чаир ќе им суди на Шкупи и Беса, Пилешков ќе им суди на Вардар и Силекс

Сподели
Сподели

В среда ќе се одиграат натпреварите од седмото коло во вонреден термин од Првта македонска фудбалска лига. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите.

Марјан Младеновски ќе им суди на Брера и Тиквеш во Струмица, Крумислав Ѓоргиев ќе биде главен во Битола каде ќе играат Пелистер и Работнички, Фатмир Бафто ќе ја дели правдата на Чаир каде ќе се соочат Шкупи и Беса.

Стојанче Трпчевски ќе го суди „Езерското дерби“ меѓу Воска Спорт и Струга на „Билјанини Извори“, Јован Качевски ќе биде задолжен за правдата на мечот Гостивар со Шкендија, а пак Димитар Пилешков ќе им суди на Вардар и Силекс.

Сите натпревари ќе се одиграат од 15 часот, освен мечот меѓу Вардар и Силекс кој се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 7. КОЛО ПРВА ЛИГА:

Брера Струмица – Тиквеш, Марјан Младеновски (Скопје)
Пелистер – Работнички, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Шкупи – Беса, Фатмир Бафто (Охрид)
Воска Спорт – Струга Трим Лум, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Гостивар – Шкендија, Јован Качевски (Струга)
Вардар – Силекс, Димитар Пилешков (Штип)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!